Потекло на името Охрид

Името на градот настанало од старословенските зборови „во хриди“, т.е. „во ридот“, како описно име за местоположбата на градот којшто со векови опстојувал во јужната вдлабнатина на карпестиот рид.

Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.

Античка историја

Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот првпат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Вија Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на БалканотБригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците.

По Третата македонска воjна против кралот ПерсејЛихнид станува главна римска база во северните области на Македонија. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, кој според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илјади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се