Средновековна историја на Охрид

Охридската област во крајот на VI век била изложена на масовна словенска колонизација. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.

Св. Климент Охридски со модел на градот Охрид во рацете.

Охридскиот крај уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македонија со важна државна мисија. Тој бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа ја опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.

Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.

Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот цар Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.

Императорот Василиj II Бугароубиец дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископија.

Во 1204 година, за време на четвртата крстоносна војна Охридскиот крај заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан ги презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.

Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.