Религија во Охрид

Од 1018 до 1767 година Охрид бил седиште на Охридската Архиепископија. Таа како самостојна црковна организација го управувала верскиот живот на христијаните во Македонија и други балкански земји, а во одреден период под своја управа ги имала православните цркви во Далмација и делови од Италија. Затоа Охрид се нарекува „Балканскиот Ерусалим“. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти — џамии и една католичка црква. Во Охрид се наоѓа седиштето на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ.

Турскиот патописец Евлија Челебија го посетил Охрид во XIV век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.

Некој од тие Цркви и манастири се: