Преку оваа платформа сакаме да им олесниме, а воедно и да ги запознаеме, граѓаните да ги посетат нашите убавини и културни богатсва, да го развиеме туризмот, да помогнеме на угостителските објекти и да ги едуцираме граѓаните за се тоа што го имаме како природно и културно наследство за кое и самите не сме знаеле. Од друга страна немањето на агрегатор на информации за убавините кои можеме да ги посетиме во нашата татковина. Ние тој проблем сакаме да го разработиме и да им помогнеме на сите кои сакаат да патуваат и истражуваат, да го запознаат руралниот туразам, да ги дегустираат локалните специјалитети, да ги посетат верските објекти, архолошките локалитети, обсерваториуми и така натака.
Честопати се прашуваме каде да го поминеме нашиот викенд, одмор или пак слободно време, но немаме идеа и се распрашуваме по пријатели или роднини за да ни дадат совет. Преку оваа платформа сакаме да им овозможиме достојна промоција на нашите прирони и културни богатства со кои би го промовирале туризмот во С. Македонија. Секако тука спаѓаат и туристичките места, а со помош на оваа платформа ќе постигнеме граѓаните да бидаат позапознаени и со другите туристички места и со тоа да се развиваат и другите видови на туризамот како селскиот туризам, планинскиот, гастрологијата и останатите.
На самата платформа ќе можат да прочитаат повеќе за тој објект, локалитет, специјалитет или да погледнат видео материјали за истите и да прочитаат некоја интересна информација. Освен тоа ќе можат преку платформата полесно да стигнат до посакуваната дестинација со тоа што сите тие објекти ќе бидат мапирани. Оние објекти кои нудат патеки за планинарење, за велосипедизам исто така ќе бидат означени на мапите.
Целта ни е корисникот кога ќе ја отвори нашата платформа да добие инспирација каде да го помине своето слободно време, одкако ќе се одлучи ќе има можност да ги види сите научно истражувачки локалитети, знаменитости, угостителски објекти, кои нудат традиционална храна за тој регион, или пак да пронајде сместување доколку сака некаде да преноќи. Со други зборови да нема потреба да пребарува дополнително преку интернет, да се распрашува по пријатели или да отиде на локацијата па сам да се снаоѓа каде што постои голема шанса да не посети некоја од знаменитостите или да не проба локален специјалитет.